Skip to content

Делови од Скопје денеска без вода и струја поради планирани зафати

0 мин. читање
Сподели

Поради планирани зафати на водоводната и електричната мрежа, денеска делови од повеќе скопски населби ќе бидат без вода и струја.

Без вода ќе бидат делови од улицата Божидар Рајковиќ и од населбата Горно Лисиче, како и делови од Аеродром и Центар.

Истовремено, улица во Волково денеска ќе остане без струја во траење од пет часа поради интервенции на дистрибутивната мрежа.

Граѓаните се повикуваат да се подготват за привремените прекини и да обезбедат резерви на вода за домаќинствата во засегнатите подрачја.