Трамп: НАТО прави глупава грешка околу Иран
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Блискиот Исток е регион со цивилизации што постојат илјадници години. Од античките градови во Iraq и Syria, до историските центри во Yemen и Afghanistan, овие простори биле колевка на култура, трговија и религија илјадници пред да се содадат Соединетите американски држави и Израел.
Културниот и религискиот мозаик на овие земји е многу различен од западните општества. Во нив се испреплетуваат различни етнички заедници, традиционални племенски структури, исламски верски школи и локални политички системи. Поради тоа, нивниот општествен и политички развој следел поинаков историски пат од оној на западните демократии.
Иран е под санкции од 1979 година до денес, повеќе од 45 години, со кратки периоди на делумно олеснување.
Санкциите против Иран се меѓу најдолгите економски санкции во модерната историја, и тие имаат големо влијание врз економијата, трговијата и меѓународните односи на државата, односно го уништувале неговиот развој.
Првите санкции од Соединетите американски држави против Сирија започнуваат во 1979 година, кога земјата е ставена на листата на држави кои поддржуваат тероризам, а значително ги заоструваат во 2004 година.
Пред да бидат разорени од војната и Либија и Ирак беа под санкции.
Потоа во разорените држави се спроведува и воени акции кои што целосно ги уништуваат и вештачки се заменува раководството на државата.
Кои е резултатот, според признаени податоци ( а колку истите се корегирани)

Околу 9 милиони Ирачани биле раселени во различни периоди од конфликтот.
Од нив:
500.000 жртви
4 – 5 милиони станале внатрешно раселени лица
2 – 3 милиони избегале во други држав

Конфликтите во Libya започнаа во 2011 година со граѓанската војна и падот на режимот на Muammar Gaddafi, по што државата влезе во долг период на нестабилност и поделена власт.
50.000 жртви.
околу 1 милион луѓе биле раселени во различни периоди од конфликтот.

Палестина:Поради тоа што бегалскиот статус се пренесува и на нивните потомци, денес според податоци на United Nations Relief and Works Agency for Palestine Refugees in the Near East:
70,000 жртви
околу 5,9 милиони Палестинци се регистрирани како бегалци.
Бројот на загинати во војната во Syria е многу голем и точната бројка е тешко да се утврди, затоа што конфликтот трае од 2011 година и во него учествуваат повеќе армии, милиции и странски сили.
над 500.000 луѓе го изгубиле животот од почетокот на војната.
над 6 милиони бегалци надвор од државата
околу 7 милиони раселени внатре во земјата
Конфликтот во Afghanistan трае со децении, но најголемиот број жртви се поврзуваат со војната што започна по интервенцијата на United States и сојузниците во 2001 година.
околу 240.000 – 260.000 луѓе загинале од 2001 до 2021 година.
околу 3,5 милиони се внатрешно раселени во Afghanistan
околу 3 милиони се бегалци во други држави
Војната во Yemen започна во 2014 година и брзо прерасна во еден од најтешките хуманитарни конфликти во светот.
околу 350.000 – 400.000 луѓе се смета дека го изгубиле животот.
околу 4,5 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во Yemen.
Тоа се најмалу 1.780.000 жртви и над 20.000.000 раселени и сега нова војна што ќе предизвика целосно разорување на блискиот исток
Овие бројки покажуваат колку висока цена плаќаат обичните луѓе кога политичките и воените конфликти се водат во име на идеологии и геополитички интереси. Наместо стабилност, цели генерации пораснаа во војна, уништени градови и раселување.
Историјата на овие конфликти често се опишува како обид за создавање политички системи и промени во управувањето на државите. Но за милиони луѓе на теренот, реалноста останува многу поедноставна и потешка – изгубени животи, разрушени домови и долг пат до обновување на нормален живот.
Без оглед на политичките интерпретации, едно е сигурно: човечката цена на овие конфликти е огромна, а последиците од нив ќе се чувствуваат уште со генерации.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Американскиот претседател ги обвини сојузниците дека одбиваат да помогнат во Хормушкиот Теснец, додека аналитичарите укажуваат на стратешка асиметрија.
Подгорица привремено го затвори Поглавјето 21 за трансевропски мрежи, достигнувајќи 14 затворени поглавја од вкупно 33.
АМСМ информира за влажни коловози и снежни врнежи на повисоките делови, препорачувајќи внимателно возење.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 39 вонредни контроли, потврдувајќи значително подобрување на условите.
Градоначалникот Меџити присуствуваше на интензивната ноќна акција за чистење на улици, паркови и тротоари во пресрет на празникот.
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.
Градоначалникот на Гази Баба нареди уривање на импровизирани куќички во Керамидница изградени на државно земјиште.
Владејачката партија го оцени синдикалниот протест како дебакл, тврдејќи дека граѓаните препознале политичка манипулација зад синдикални барања.
Премиерот учествува на одбележувањето на 50 години ЕНП, порачувајќи дека евроинтеграцијата мора да се базира на заслуги, не на билатерални...
Пратениците гласаат за предлогот на Владата судијата Ненад Савески да биде нов шеф на Јавното обвинителство, потребни се 61 глас.