Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Мајката на загинатиот Стефан Хрка, Дијана Хрка, која штрајкува со глад веќе шести ден, утрово го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, лично да дојде и „пред сите да разговара со неа“.
Хрка изјави дека не верува дека Вучиќ ќе се појави, бидејќи, како што рече, „тој нема храброст“.
„Сега му се обраќам директно на Вучиќ. Ова што се случува е на лична основа. Само нека дојде да ми каже на која лична основа, па јас ќе му кажам некои работи“, рече таа, додавајќи дека се чувствува добро и покрај деновите без храна.
Хрка својот штрајк со глад го започна на 2 ноември, по комеморативниот собир во Нови Сад по повод едногодишнината од трагедијата на железничката станица, кога при паѓањето на настрешницата загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син.
Пред Собранието на Србија, каде што таа го постави својот шатор, владее мирна атмосфера, но присутна е полиција со опрема за растерување демонстрации.
Граѓаните секојдневно и приоѓаат на мајката на Стефан за да ја прашаат за нејзиното здравје и да и понудат помош – некои и нудат храна, други вода, а трети дури и свој стан во близина на Собранието за одмор и туширање.
Хрка бара процесирање на сите одговорни лица за трагедијата, како и ослободување на приведените студенти и распишување на вонредни парламентарни избори.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Србија стана прва европска земја која ги набави кинеските CM-400 ракети со дострел до 250 км и брзина Мах 4,5,...
Српскиот претседател Вучиќ ги обвини хрватската разузнавачка служба СОА за организирање протести во Србија, а хрватскиот премиер Пленковиќ остро ги...
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека одлуката за распишување вонредни парламентарни избори нема да зависи од исходот на локалните гласања...
Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потврди набавката на кинески хиперсонични балистички ракети, предупредувајќи дека соседните земји само чекаат поголем конфликт...
Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека Србија поседува хиперсонични балистички ракети и изјави дека нејзините соседи го чекаат вистинскиот момент...
Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар остро го критикуваше хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, велејќи дека неговите изјави за Израел...
Марија Захарова, портпарол на руското Министерство за надворешни работи, остро ја критикуваше ЕУ за нејзиниот пристап кон косовското прашање, нагласувајќи...
На 12 март 2003 снајперист го уби српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ пред зградата на Владата во Белград - политичар кој...
Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама предложија забрзана интеграција на Балканот во ЕУ преку внатрешен пазар и...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави видео во кое тврди дека неговите деца и внуци добиваат закани од украинска страна, поврзани...