Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за локалните избори што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година. Вкупно во списокот се запишани 1.832.415 гласачи.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека во редовните избирачки места се евидентирани 1.717.803 гласачи, 112.000 лица со право на глас се на привремена работа или престој во странство, 2.162 се на издржување казна затвор или во притвор, а 450 се лица од домовите за стари лица.
Во земјата постојат 3.480 избирачки места, но во 132 од нив има запишано помалку од десет гласачи, па затоа тие ќе го остварат своето право на глас на најблиското избирачко место.
До ДИК веќе се поднесени и четири барања за меѓународно набљудување на изборите од организации и институции од Грузија, Словачка и Украина.
Со оваа одлука Избирачкиот список е подготвен за изборите на кои граѓаните ќе гласаат за советите на општините, Советот на Град Скопје и за градоначалниците.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Поставен камен-темелник за меморијалната фонтана посветена на петте штипјани загинати во трагедијата во Кочани.
АМСМ информира за влажни коловози и снежни врнежи на повисоките делови, препорачувајќи внимателно возење.
Агенцијата за храна и ветеринарство спроведе 39 вонредни контроли, потврдувајќи значително подобрување на условите.
Градоначалникот Меџити присуствуваше на интензивната ноќна акција за чистење на улици, паркови и тротоари во пресрет на празникот.
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.
Градоначалникот на Гази Баба нареди уривање на импровизирани куќички во Керамидница изградени на државно земјиште.
Пратениците гласаат за предлогот на Владата судијата Ненад Савески да биде нов шеф на Јавното обвинителство, потребни се 61 глас.
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.