Skip to content

Дождовни градини во Куманово: 350 дрвја и урбани зелени површини за почист воздух

1 мин. читање
Сподели

Во рамките на прекуграничниот ИПА проект „Зелена урбана површина и урбана градина во Куманово” по програмата Интеррег (VI-A) Бугарија-Македонија, Куманово добива значајна зелена инфраструктура со цел намалување на загадувањето на воздухот.

На средното училиште „Перо Наков” веке се поставени перголи, декоративни канделабри, клупи, канти за отпад и пешачки патеки. Во областа „Октомвриска Револуција” засадени се 220 дрвја со висина над два метри, а на „Трета МУБ” уште 130. Во дворовите на економското и техничкото училиште засадени се нови садници, а поставени се и дренажни канали кај спортската сала.

Проектот предвидува изградба на „дождовни градини” — одржливи системи за одводнување кои го подобруваат управувањето со атмосферска вода и ги намалуваат ризиците од локални поплави. Покрај тоа, засадени се 740 декоративни цвеки, а на плоштадот „Маршал Тито” се планира зелена бариера за намалување на сообракајниот прав.

Работите ке продолжат на булеварот „3 МУБ”, плоштадот „Маршал Тито” и кај установата „Проф. Миjалковик”, а мали урбани градини се планирани и на три кружни патишта. Рокот за завршување на целиот проект е крајот на 2026 година.