Skip to content

Драма во Црното Море – Русија и Романија во остар спор околу пловечки мини

0 мин. читање
Сподели

Руската амбасада во Букурешт остро ги демантира обвинувањата на Романија дека руски поморски мини пловат низ Црното Море, тврдејќи дека станува збор исклучиво за мини од украинско потекло.

„Пловечките поморски мини во водите на Црното Море се исклучиво од украинско потекло и немаат никаква врска со Русија, што е факт добро познат на експертите од министерствата за одбрана”, соопшти руската амбасада.

Амбасадата се повика на тврдења од март 2022 година, според кои украинските поморски сили поставиле 420 сидрени мини кај пристапите до Одеса, Очаков, Черноморск и пристаништето Пивдени. Според руската страна, бурите ги скинале кабелските врски со сидрата на морското дно, поради што мините почнале да пловат.

Романското Министерство за одбрана возврати дека ситуацијата со мините „произлегува исклучиво од дејствијата на Руската Федерација против суверена и независна Украина”, а руските изјави претставуваат „манифестација на намерата на Русија да ја искриви реалноста”.

Романскиот министер за одбрана Радул Мирчу претходно изјави дека Романија има искуство во чистење руски поморски мини од водите на Црното Море, што го предизвика острото руско негирање.