Skip to content

Драматичен пад на биткоинот – инвеститорите во паника по најавата на Трамп

1 мин. читање
Сподели

Вредноста на биткоинот, најпознатата криптовалута во светот, бележи нагло опаѓање од неколку илјади долари за само неколку минути, предизвикувајќи паника меѓу инвеститорите и трговците на глобалните крипто-берзи.

Според финансиските аналитичари, падот е поврзан со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе нови 100% царини за увозот од Кина, што создаде страв од нова глобална економска нестабилност.

Веста веднаш предизвика силен удар на крипто-пазарот, кој традиционално реагира чувствително на политички и економски шокови. Дополнително, повеќе големи инвеститори – таканаречени „китови“ – започнале масовна продажба на биткоин со цел да ги заштитат профитите стекнати во изминатите месеци, што дополнително ја влоши ситуацијата.

Покрај биткоинот, целокупниот крипто-пазар е во црвено: етереум, солана и другите водечки дигитални валути бележат двоцифрени загуби.

Експертите предупредуваат дека доколку пазарот не покаже знаци на стабилизација, може да следи уште подлабок пад, но дел од аналитичарите сметаат дека ова е краткорочна корекција, а не почеток на долгорочен колапс.