Skip to content

Дрон удри во луксузен облакодер во Дубаи, пожарот брзо угаснат

0 мин. читање
Сподели

Непознат дрон удри во луксузен небодер во областа Крик Харбур во Дубаи, предизвикувајќи пожар кој противпожарните служби брзо го локализираа. Нема повредени лица, а потеклото на летало останува непознато.

Инцидентот се случи во текот на ноќта, во услови на засилена регионална нестабилност. Иранските сили во истиот период извршија удари врз цели во Ирак, Бахреин и Оман, предизвикувајќи пожари на повеќе енергетски инсталации и пристанишни капацитети.

Дубаи, кој не е директна страна во конфликтот, сепак ги почувствува последиците од регионалната ескалација преку овој инцидент. Локалните власти соопштија дека истрагата за идентификување на дронот е во тек.