Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Десет години откако е отворена првата државна кардиохируршка клиника во Северна Македонија, институцијата која порано беше симбол на прогрес во здравството денес се соочува со сериозен колапс. Основана во 2015 година во рамки на Кардиологија, со инвестиција од 140 милиони денари, таа под раководство на кардиохирургот д-р Сашко Јовев постигна големи успеси — меѓу кои и првата трансплантација на срце во земјата во 2020 година. Но, по неговото разрешување во времето на министерот Фатмир Меџити, започна низа политички и лични пресметки што ја разнишаа целата установа.
Подоцна, директорската позиција се менуваше неколкупати: прво д-р Марјан Шокаровски, потоа Никола Лазовски, а сега клиниката ја води д-р Дејан Димитровски. Наместо стабилност, тие чести смени донесоа поделби, недоверба и нарушени меѓучовечки односи – вработени сведочат за тензична атмосфера, кавги и мобинг. Според медиумот „Фокус“, болничките соби се користеле и за прослави кога „непогодните“ ќе бидат избришани од системот.
Поради притисоци и лоши услови, од Кардиохирургија си заминале четворица анестезиолози — клучен кадар за секоја операција. Денес работат само двајца, а ја оддржуваат работата со помош на колеги од КАРИЛ кои не биле обучени за кардиоанестезија. Ова сериозно ја загрозува безбедноста на пациентите.
Во последните три години, смртноста на клиниката драстично пораснала. Според стручна комисија формирана од Министерството за здравство, бројот на починати пациенти оперирани во 2022 година изнесувал 37, а во 2023 година – дури 58. „Фокус“ истакнува дека во една тримесечна анализа од 31 опериран пациент починале 14 — податок што клиниката го демантирала, но комисијата го потврдила.
Сето тоа го создава впечаток дека независната државна Кардиохирургија е на прагот на дефинитивно згаснување. Во меѓувреме се разгледува идеја за нејзино спојување со Кардиологија — што според повеќе вработени би значело губење на нејзиниот автономен статус и уништување на повеќегодишниот труд.
Во услови кога приватните клиники за исти кардиохируршки интервенции добиле над 100 милиони евра од Фондот за здравство во последните шест години, се наметнува прашањето: дали овде има свесно уништување на јавна институција?
Случајот бара јавна и темелна истрага — за системските пропусти, за политичките влијанија, за одговорните што дозволиле ваква состојба да се случи.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...