Skip to content

Двајца тинејџери, еден од Македонија, повторно уапсени во Австрија под сомнение за тероризам

1 мин. читање
Сподели

Двајца тинејџери – еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија – повторно се наоѓаат во притвор во Австрија под сомнение за планирање терористички напад, јавува австрискиот портал „Хојте“.

Двајцата млади, кои летото 2023 година беа осудени во регионалниот суд во Леобен за подготовка на напад врз средно училиште, повторно се под истрага. Тогаш тие беа осудени на делумно условни казни од 15 и 16 години затвор, поради намера да воспостават „калифат во Австрија“ и да извршат убиства на христијани.

Едниот, сега 17-годишен, бил предвреме ослободен по отслужување на две третини од казната и бил под надзор, со мерки за дерадикализација и психотерапија. Но, според австриското обвинителство, тој повторно покажал знаци на радикализација, вклучувајќи планирање крвопролевање со автоматска пушка и обиди да обезбеди средства за купување оружје. Моментно одбива да соработува со властите, пренесува „Кроне“.

Неговиот соучесник, кој има 18 години, бил уапсен на границата со Македонија кон крајот на август, додека се враќал од својата татковина. Тој исто така е обвинет за нови планови за терористички напади, меѓу кои и употреба на експлозиви, и сега повторно се наоѓа во затвор поради активирање на претходно суспендираната казна.