Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Двете големи американски компании „Аптив“ и „Дура“, кои работат во технолошко-индустриските развојни зони во Скопје и се дел од автомобилската индустрија, до крајот на следната година ќе го напуштат македонскиот пазар. Компаниите заедно вработуваат околу 1.000 лица.
Информацијата е потврдена од претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Виктор Мизо, кој не откри детали за причините, наведувајќи дека станува збор за интерни корпоративни одлуки.
Според Мизо, најавите за заминување се дел од поширока консолидација на производните капацитети на глобално ниво.
– „Европската индустрија е во стагнација. Некои компании ќе се адаптираат, други потешко. Но тоа не значи дека Македонија ќе престане да привлекува инвестиции. Ние продолжуваме да вложуваме и да се развиваме“, изјави Мизо, кој е и генерален директор на „Костал Македонија“.
Премиерот Христијан Мицкоски смирува дека заминувањето на „Аптив“ и „Дура“ не треба да се сфати драматично. Тој најави дека до крајот на годината Владата ќе потпише договори со најмалку четири нови компании кои би отвориле околу 1.000 нови работни места.
– „Компании ќе се отвораат и ќе се затвораат, и домашни и странски. Тоа е дел од економскиот циклус. Ние сме фокусирани на привлекување нови играчи и верувам дека сме меѓу најконкурентните во Европа“, рече премиерот.
Изјавата премиерот ја даде при посетата на фабриката „Костал“, каде менаџментот објави продолжување на инвестицискиот циклус.
Каи Кникман, извршниот директор на „Костал Аутомотив“, најави дека компанијата во 2026 година ќе вложи дополнителни 30 милиони евра.
– „Новите инвестиции ќе донесат нови производи, зголемување на производството за 20% и отворање на 200 нови работни места“, изјави Кникман.
Податоците на Народната банка покажуваат значителен пад на странските директни инвестиции во првата половина од годинава.
Во 2024 година, заклучно со јуни, инвестициите достигнале околу 600 милиони евра. Во истиот период оваа година изнесуваат нешто над 200 милиони евра.
Јануари: 82,92 → 29,43
Февруари: 86,46 → 40,82
Март: 143,04 → 75,13
Април: 120,07 → 35,96
Мај: 86,68 → 35,36
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...