Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Словенечката министерка за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар поднесоа оставки поради трагичниот настан во Ново Место, каде што 21-годишен припадник на ромската заедница претепа човек до смрт пред бар. Премиерот Роберт Голоб ги прифати оставките и најави дека двајцата министри ќе останат на функциите до изборот на нивни наследници.
„Ги прифатив двете оставки“, потврди Голоб по итниот состанок со министрите, додавајќи дека истрагата за убиството е во тек. Главниот директор на полицијата Дамјан Петрич засега останува на функцијата.
Министерката Катич ја поднесе оставката уште пред состанокот, а Поклукар ја достави следното утро. На средбата присуствуваа и министерот за труд Лука Месец, претседателот на Врховниот суд Миодраг Ѓорѓевиќ и заменик-главниот обвинител Боштјан Јеглич.
Министерот Месец изрази сочувство до семејството на починатиот, нагласувајќи дека „ова мора да биде прв и последен ваков случај“, а оставката на Катич ја оцени како „разбирлива“, поради, како што рече, нераеактивноста на судството и обвинителството.
Претседателот на Врховниот суд, Ѓорѓевиќ, истакна дека судството е „последно во редот“ и дека ефикасноста на законодавството и полицијата е клучна за спречување на вакви трагедии.
Во ноќта меѓу петок и сабота, еден маж беше брутално претепан пред ресторан во Ново Место и им подлегна на повредите. Полицијата уапси 21-годишен осомничен, член на ромската заедница. Според неофицијални информации, инцидентот започнал по кавга во клубот „ЛокалПатриот“, кога синот го повикал својот татко за помош, по што група напаѓачи го нападнала човекот веднаш по пристигнувањето.
Премиерот Голоб на социјалните мрежи изјави дека чувствува „највисока должност да ја обезбеди безбедноста на сите граѓани“, изразувајќи сочувство и солидарност со семејството на жртвата. Тој истакна дека насилството не се раѓа преку ноќ, туку во средина каде што „казната не го следи делото, а правдата се одложува“.
Претседателката Наташа Пирц Мусар побара од Државното собрание свикување вонредна седница за безбедносната состојба во југоисточна Словенија и предупреди дека трагедијата не смее да се користи за политички поени. Таа остро го осуди нападот и порача дека законот мора да важи подеднакво за сите граѓани, вклучувајќи ја и ромската заедница.
Од опозициската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша најавија протест пред парламентот, обвинувајќи ја владата на Голоб за небрежност и двојни стандарди. „Наместо да ги штити граѓаните, владата ги штитеше криминалците“, порача СДС, повикувајќи на оставка на премиерот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Европските туристи ги откажуваат плановите за Кипар, Турција и Грција и масовно резервираат алтернативни дестинации, меѓу кои истакнато место зазема...
Турција распоредува шест борбени авиони Ф-16 во северниот дел на Кипар, со очекувано пристигнување во понеделник - одлука во контекст...
Авион на Ер Србија полета за Дубаи за евакуација на 260 државјани, со дополнителни летови за Ријад на 9 март,...
НАТО Заедничката команда од Неапол ја потврди заедничката воена вежба со српската армија во мај на локацијата Боровац, по покана...
Поранешна висока државна функционерка во Подгорица поднела пријава до полицијата откако нејзини снимки почнале да се шират, а случајот добива...
Српското МНР ги советуваше своите граѓани да патуваат до Хрватска само во крајна неопходност. Загреб одговори со потсмев — хрватскиот...
Беспилотно летало погоди британската воена база Акротири, едно село е евакуирано, аеродромот во Пафос привремено затворен. Франција испраќа воен брод,...
Министерството за надворешни работи на Србија ја смести Хрватска во портокаловата ризична категорија со препорака за патување само во крајна...
Авион на Ер Србија пристигна во Белград со 67 евакуирани патници од Израел, меѓу кои и македонски државјани, во рамки...
По серијата дронски напади врз воени бази на Кипар, Грција, Франција и Велика Британија реагираа со итно воено засилување на...