Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Европската комисија денес го претстави предлогот за нова регулатива за воена мобилност, со која земјите-членки ќе мора во рок од само три дена во мирно време, а уште пократко во вонредни ситуации, да одобрат преминување на своите граници за војници и воена опрема од други членки на ЕУ.
Со ова, Унијата се движи кон воспоставување вистински „воен Шенген“, што би овозможило брзо и координирано распоредување на трупи низ континентот.
„Одбранбената подготвеност фундаментално зависи од можноста да ги испратите вашите тенкови и војници каде што се потребни, кога се потребни“, изјави високата претставничка Каја Калас, најавувајќи и иницијатива за здружување на транспортните капацитети на земјите-членки.
ЕУ планира до 2027 година да создаде паневропска област за воена мобилност, за што во буџетот 2028–2034 се предлагаат 17,65 милијарди евра за инфраструктура со двојна — цивилна и воена — намена.
Комесарот за транспорт Апостолос Цицикостас изјави дека подобрувањето на воената мобилност ќе бара инвестиции од околу 100 милијарди евра. Комисијата, заедно со државите-членки и НАТО, веќе идентификувала повеќе од 500 проекти, распоредени по четири приоритетни коридори.
Тие опфаќаат:
проширување и зајакнување на тунели
реконструкција на мостови
модернизација на железничките пруги
зголемување на капацитетот на пристаништа и аеродроми
Овие работи треба да се завршат до крајот на деценијата, за ЕУ да биде целосно подготвена за потенцијални закани до 2030 година.
Земјите-членки ќе можат:
да пренасочат дел од кохезионите фондови
да користат заеми преку европскиот инструмент SAFE
да покријат дел од трошоците од националните буџети
Предлогот предвидува и рамка за итни случаи, според која државите ќе мораат многу побрзо да одобруваат премин на војска и техника. Во исклучителни ситуации, доволно ќе биде едноставно писмено известување до државата низ која се движат трупите.
Паралелно, Комисијата предложи и план за трансформација на одбранбената индустрија. Целта е:
зголемување на производствените капацитети
побрз развој на напредни технологии
подобар пристап до одбранбени системи
инвестирање во вештини за модерна одбранбена индустрија
Предлогот ја зајакнува ориентацијата на ЕУ кон поголема автономија и подготвеност во контекст на растечките безбедносни закани.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Иранскиот заменик-гувернер тврди дека операциите на нафтениот терминал Харг Остров продолжуваат без прекини и покрај американските воздушни удари.
Израел планира голема копнена офанзива со цел контрола на територијата јужно од реката Литани и уништување на воената инфраструктура на...
По дронски напади пламенот ја зафати важна нафтена лука во ОАЕ, Трамп најави испраќање воени бродови, а недвижнините во Дубаи...
Американскиот претседател Трамп изјави дека нападот врз Харг Остров е историски, додека бројот на жртви во конфликтот меѓу САД, Израел...
Иранските сили го гаѓаа воздушната база Принц Султан во Саудиска Арабија, оштетувајќи пет американски авиони за дополнување гориво, без жртви.
Рускиот воен аналитичар Сергеј Липовој тврди дека Иран зачувал масовен арсенал во подземни планински бункери, а хиперсоничните ракети се недофатливи...
Хутите од Јемен, поддржани од Иран, остануваат главен непознат во конфликтот - нивното вклучување би можело да предизвика глобална енергетска...
На 15-тиот ден од воениот конфликт помеѓу САД, Израел и Иран, ракетни напади ја потресоа регионот - Ерусалим под оган,...
Иранскиот амбасадор при ОН во Женева предупреди дека секоја воена база употребена за напади против Иран, вклучувајќи и оние на...
Сирени за тревога огласија во НАТО-базата Инџирлик во Турција, а ПВО-системите пресретнале две балистички ракети. Американскиот стејт департмент го затвори...