Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Поранешниот градоначалник на Кочани и бизнисмен Ратко Димитровски денеска во воведните зборови пред судот изјави дека е, како што рече, „заменски обвинет“ во целосно „измислено и конструирано обвинение“, тврдејќи дека неговата одговорност е вештачки создадена за „замајување на јавноста“.
Според него, тој е единствениот функционер кој уште во 2012 година реагирал против отворање на дискотеката „Пулс“ и побарал од надлежните да не се издава лиценца, бидејќи објектот не бил предвиден за таква намена во урбанистичкиот план.
Во своето обраќање Димитровски изјави дека одговорноста за проверка на безбедносни услови е исклучиво на државните институции:
„Не му е работа на граѓанинот во болка да знае закони. Меѓутоа, вината е кај тој што треба да ги знае законите и да ги спроведува, а не го прави тоа. Локалната самоуправа нема ингеренции да утврдува дали еден угостителски објект е безбеден. Тоа е надлежност на МВР и Државниот пазарен инспекторат, врз основа на чија документација Министерството за економија издава лиценца.“
Според него, обвинителството со своето постапување всушност тврди дека тој требало да постапува „надвор од закон“, преземајќи улоги на инспекциски и безбедносни државни органи.
Димитровски го изрази своето сочувство кон семејствата на загинатите во трагедијата, нарекувајќи ги „соседи и роднини“, и додаде дека чувствува голема неправда во тоа што е ставен на обвинителна клупа.
„Јас сум бил единствениот што се спротивставил на отворањето на дискотеката уште тогаш. Не можам да прифатам да ме гледаат како човек кој има било каков придонес во трагедијата. Каква правда ќе се добие ако се обвинуваат луѓе кои не се виновни, а ако се изостави некој кој има вина? Не постојат заменски обвинети.“
Во судницата тој го цитираше и документот што го испратил во 2012 година до Министерството за економија, со кој барал да не се издаде лиценца за сопственикот Дејан Јованов – Деко.
Како причина навел дека според важечкиот Детален урбанистички план, локацијата не била наменета за дискотека, туку за лесна индустрија, а паркингот пред објектот можел да се користи исклучиво за таква намена, а не за ноќен клуб.
Според обвинението, Димитровски се товари дека не постапувал согласно Законот за локална самоуправа и дека, иако бил должен да го почитува урбанистичкиот план и знаел дека објектот е безбедносно ризичен, не презел дејствија за утврдување неправилности и затворање на дискотеката.
Судењето денес продолжи со воведните зборови на обвинетите, по што ќе следат доказни постапки и сведочења.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...