Skip to content

Експлозија на Божиќ пред банка во Солун – оштетени автомобили и згради

0 мин. читање
Сподели

Forensics officers investigate the area of a blast caused by an explosive device outside a bank that killed a 38-year old woman, in Thessaloniki, Greece, May 3, 2025. REUTERS/Alexandros Avramidis

Силна експлозија одекна во раните утрински часови на Божиќ пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, при што беа предизвикани значителни материјални штети, објави грчкиот јавен сервис „ЕПТ њуз“.

Според информациите, експлозијата го оштетила влезот на банката, а ударниот бран искршил стакла на околните дуќани и предизвикал оштетувања на паркирани возила. Најмалку седум автомобили се оштетени, додека штета е евидентирана и на три соседни згради.

Веднаш по инцидентот, на местото интервенирале припадници на грчката полиција и Противпожарната служба, кои го обезбедиле поширокиот простор и го блокирале движењето. Случајот го презеде Одделот за борба против организиран криминал, а во истрагата се вклучени и припадници на Антитерористичката единица, како и специјалниот тим за деактивирање на експлозивни направи (ТЕЕМ).

„Претрпевме голема штета на машините и ќе бидат потребни време и средства за санација“, изјави сопственичка на локал во близина. Таа додаде дека од полицијата добила информација оти се работи за силен експлозив кој при активирањето предизвикал моќен ударен бран.

Засега нема информации за повредени лица, а истрагата за мотивите и сторителите е во тек.