Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) донесе одлука да исклучи три економски оператори од идните постапки за јавни набавки, поради, како што е наведено, „значителни недостатоци во исполнување на клучни обврски“, што довело до еднострано раскинување на претходни договори. Одлуките се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 167 од 14 август 2025 година.
Од понатамошно учество во јавните набавки на ЕСМ се исклучени следните фирми:
ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Согласно Одлука на Управниот одбор на АД ЕСМ бр. 02-7732/31/02 од 03.12.2024 година.
Ел-Те Инженеринг ДОО Скопје
Согласно Одлука бр. 02-70/43/1 од 09.01.2025 година.
Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола
Согласно Одлука бр. 02-8346/41/12 од 26.12.2024 година.
Во документот е наведено дека сите три компании имале сериозни пропусти при исполнување на претходно склучени договори, поради што ЕСМ еднострано ги раскиналa обврските.
Со оваа мерка, компаниите ќе бидат оневозможени да учествуваат во идните јавни набавки на ЕСМ во определен рок, согласно Законот за јавни набавки и внатрешните прописи на претпријатието. Мерката се смета за една од најстрогите во системот на јавни набавки и се применува кога државата утврдува сериозни неправилности.
Особено внимание привлекува исклучувањето на „Марковски Компани“, чиј сопственик Борче Марковски веќе е под истрага. Компанијата и нејзиниот сопственик се осомничени за злоупотреби поврзани со јавни набавки во ЕСМ, а Марковски во моментов се наоѓа во притвор.
Истражните органи водат постапка по сомнеж дека фирмата злоупотребувала буџетски средства и манипулирала со тендерски процедури.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...