Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Европската унија утрово официјално го одобри 19-от пакет санкции против Русија, насочен кон таканаречената „флота во сенка“, како и кон рускиот банкарски и енергетски сектор, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на почетокот на Самитот на ЕУ во Брисел.
– „Европскиот совет денеска ќе донесе политичка одлука со која ќе ги обезбедиме финансиските потреби на Украина за 2026 и 2027 година, вклучително и за набавка на воена опрема,“ рече Кошта, придружуван од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Кошта нагласи дека новиот пакет претставува „многу јасна порака до Москва“, дека ЕУ ќе продолжи со поддршката за Украина „сè додека е потребно и колку и да е потребно“.
– „Чест ми е што денес е со нас претседателот Зеленски – лидер на идна земја членка на Европската унија,“ додаде Кошта.
Претседателот на Европскиот совет потсети дека иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за дипломатско приближување со Русија не дала резултати, бидејќи Москва ја засилила агресијата врз цивилните цели во Украина.
– „Пораката до Русија е јасна: ние не сме уморни. Ќе продолжиме со политичка, воена и финансиска поддршка. Русија мора да престане да убива цивили и да уништува инфраструктура. Зеленски е подготвен за прекин на огнот и преговори – сега редот е на Путин,“ порача Кошта.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази благодарност до Европската унија за новиот пакет санкции, велејќи дека тој „се надоврзува на вчерашната одлука на Трамп за енергетски санкции кон Москва“.
– „Русија покажува дека не сака да ја запре војната – напаѓа детски градинки, училишта и цивили. Не само што мора да се браниме, туку и да го засилиме притисокот врз агресорот,“ изјави Зеленски.
Тој потенцира дека примирје во Украина е можно, но само ако се зголеми меѓународниот притисок врз Кремљ, додавајќи дека Киев нема да прифати никакви територијални отстапки во замена за мир.
Одговарајќи на новинарско прашање за можната испорака на ракети „Томахавк“ од САД, Зеленски истакна:
– „До неодамна изгледаше невозможно и дека Америка ќе воведе енергетски санкции кон Русија. Но тоа сега е реалност.“
Најновите 10 вести од оваа категорија
Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, обвинувајќи го дека бил „водач на бунт“ поради...
Крзнената играчка Лабубу, која го освои светскиот пазар и стана еден од најбараните производи на кинеската компанија Поп Март, се...
Претседателот Трамп наговестува дека државниот секретар Марко Рубио, кој е и советник за национална безбедност и вршител на должноста национален...
Германската армија потврди случаи на сексуално вознемирување Германската армија е потресена од широко распространето сексуално вознемирување и крајно десничарски екстремизам...
Марк Рафало имаше остри зборови за Доналд Трамп на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерта....
Тврдењето дека Иран го „исклучи“ Starlink во суштина ја открива клучната слабост на овој систем: Starlink не е суверена телекомуникациска...
Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, ја повика Јужна Кореја да го истражи неодамнешниот инцидент со јужнокорејско беспилотно...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја отфрли изјавата на Трамп дека повеќе нема да добива нафта и пари од Венецуела, додавајќи...
Претседателот на Владата на швајцарскиот кантон Вале изрази гнев поради фактот што локалните власти со години не извршиле инспекциски проверки...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, упати исклучително остри и навредливи коментари против украинскиот претседател...