Skip to content

Фатени на лице место: полицијата спречи изборен поткуп во Лозово

0 мин. читање
Сподели

Во вечерните часови, за време на изборниот молк, во 21:20 часот, во полициската станица било пријавено кршење на изборните правила во селото Дорфулија, општина Лозово.

Според информациите, еден кандидат за градоначалник на Лозово пријавил поткуп кој наводно го вршел неговиот противкандидат, заедно со уште две лица, користејќи патничко моторно возило со светиниколски регистарски таблици.

Полицијата веднаш излегла на терен и, според извори од местото на настанот, ги затекнала осомничените на лице место.

Кандидатот што го пријавил случајот јавно повика Обвинителството и Министерството за внатрешни работи да реагираат транспарентно, да излезат со официјални информации и да ја информираат јавноста за преземените мерки во врска со овој инцидент.

Настанот предизвика силни реакции во локалната заедница, бидејќи се случува за време на изборниот молк, период кога секоја форма на агитација и поткуп е строго забранета со закон.