Skip to content

ФБИ издаде итно предупредување: Иран планирал дрон-напад врз Калифорнија

1 мин. читање
Сподели

Федералното биро за истраги (ФБИ) ги предупреди калифорниските полициски сили дека Иран може да одмазди за американските напади со лансирање дронови врз цели на западниот брег на Соединетите Американски Држави, пренесуваат американски медиуми.

Предупредувањето пристигна во моментот кога Трамповата администрација лансираше удари врз Иранската Исламска Република. Иран возврати со напади со дронови врз цели низ Блискиот Исток.

Според булетин разиспратен кон крајот на февруари: „Добивме информации кои укажуваат дека во почетокот на февруари 2026 година, Иран наводно сакал да изврши изненаден напад со беспилотни летала од непознат брод во близина на американскиот брег, конкретно таргетирајќи неодредени цели во Калифорнија, доколку Соединетите Американски Држави извршат напади врз Иран.”

Портпаролот на ФБИ Лос Анџелес одби да коментира. Белата куќа исто така не реагираше на барањата за коментар. Американските разузнавачки служби изразуваат се поголема загриженост поради нарасната употреба на дрон-технологија од страна на мексикански картели и можноста оваа опрема да се употреби против американски сили и персонал.