Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Минатата недела, како и вчера, Управата за финансиска полиција влезе на Клиниката за кардиохирургија поради анонимна пријава која содржи наводи за сериозни злоупотреби кои допрва треба да се испитаат. „Слободен печат“ имаше увид во пријавата, која до Финансиската полиција пристигнала во август, а до редакцијата дошла преку свиркач.
Во пријавата се тврди дека Клиниката во последните две години имала енормно зголемен број на реверси—материјали користени при операции, кои не биле набавени преку тендер, туку биле земени на заем. Поради ваквата набавка, материјалите не можеле да бидат внесени во пресметките за пациентите, што довело до сериозни финансиски несовпаднатости.
„Поради ненавремено раздолжување на материјалите, на годишните пописи се јавуваат кусоци и вишоци што вештачки го зголемуваат или намалуваат буџетот на Клиниката. Пописот за 2023 година е преработен, но пописот за 2024 сè уште не е коригиран и покажува вишок од околу 60 милиони денари (1 милион евра)“, се наведува во пријавата.
Пријавителот дополнително тврди дека одредени доктори имале екстремно високи плати, а награди добивале само избрани медицински сестри. Распоредите на одредени доктори не одговарале на електронската евиденција и на исплатите за личен доход. Некои плати, според наводите, достигнувале и над 250.000 денари (повеќе од 4.000 евра), а присуството на овие доктори треба да се провери преку системот за електронско евидентирање.
Во пријавата се споменува и случај со јавна набавка – откако бил склучен тендер за одредено медицинско средство, целата количина веднаш била повлечена и донесена на Клиниката, што досега не било практика и отвора прашања за соодветно складирање и контрола.
Директорот на Клиниката, д-р Дејан Димитровски, потврди дека Финансиската полиција била присутна и дека добила увид во материјално-финансиската документација и електронската евиденција за периодот 2022 – октомври 2025 година.
„Дополнително побарав да се прошири увидот и на документацијата од 2015 година наваму, за целосна и транспарентна проверка. Клиниката соработува со институциите и останува посветена на законитост во работењето“, изјави директорот.
До објавувањето на текстот не беа добиени одговори од Управата за финансиска полиција.
Клиниката годинава се соочи и со сериозен недостиг на анестезиолози, што ја отежна реализацијата на операции. Дополнително, Министерството за здравство формираше комисија која треба да испита дали се вршеле операции на срце без медицинска потреба, по изјавите на кардиологот д-р Сашко Кедев. Според првичните наоди, од 19 анализирани кардиоваскуларни операции – за 10 немало индикации. Сепак, не е соопштено во кои болници биле извршени овие интервенции ниту кои лекари стојат зад нив.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...