Бурата „Леонардо“ ја потопи Шпанија: Итни евакуации на илјадници луѓе, армијата е на терен, патиштата се претворени во реки
04.02.2026
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Од 26 јануари 2026 година, засегнатите вработени можат да аплицираат за пензионирање на 57 години, десет години пред законската возраст за пензионирање.
Таа одлука е централен дел од стратегијата на компанијата, која планира да елиминира околу 35.000 работни места во Германија до 2030 година. Слични регулативи веќе се подготвуваат за генерацијата родена во 1970 година, пишува магазинот „Феникс“.
Со децении, „Фолксваген“ беше симбол на германската индустриска моќ, стабилност и технолошка супериорност. Компанија што ја движеше Европа, диктираше трендови и поставуваше стандарди. Но денес, сликата е сосема поинаква.
Програмите за предвремено пензионирање, скратено работно време и намалување на бројот на вработени не се знак на сила, туку на повлекување. Тие се јасен показател дека еден индустриски модел што со децении функционираше – повеќе не одговара на реалноста.
Автомобилската индустрија се менува побрзо отколку што големите концерни можеа да предвидат. Електричните возила, софтверот, кинеската конкуренција и новите производствени модели ја разнишаа позицијата на некогаш недопирливиот гигант. Она што порано беше предност – големината, бројноста и комплексноста – денес станува товар.
„Фолксваген“ веќе не го диктира темпото. Наместо визија за раст, доминира стратегија на штедење. Наместо експанзија – рационализација. Наместо сигурни работни места – програми за излез од системот.
Ова не значи крај на компанијата, но значи крај на ерата на доминација. Светот влезе во нова индустриска фаза, во која флексибилноста, брзината и иновацијата се поважни од традицијата и обемот.
Германската авто-индустрија веќе не е неприкосновен лидер. А „Фолксваген“, како нејзин најсилен симбол, прв го чувствува тоа.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Катастрофално невреме денеска го парализираше Иберискиот Полуостров. Бурата „Леонардо“ најсилно удри врз Андалузија, каде повеќе од 3.500 луѓе беа принудени...
Хуманитарните работници и локалните претставници го потврдија ужасниот број на жртви додека заедниците се опоравуваат од бранот насилство од страна...
Истражителите во Бугарија го расчистуваат случајот „тројно убиство кај Петрохан“, откако на 2 февруари, по пријава за пожар, во близина...
Претседателот на СНСД, Милорад Додик, по пристигнувањето во САД, за прв пат откако му беа укинати санкциите, членовите на неговото...
Албанската полиција уапси 20 лица, а по 13 се трага, поради вмешаност во трговија со токсичен отпад од Албанија за...
Милијардерката и филантропка Мелинда Френч Гејтс изјавила дека спомнувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани за...
Американците го отфрлија иранското барање. САД и Иран се согласија да се сретнат во Истанбул во петок, а другите земји...
По предлог на Министерството за енергетика на седница на Влада е донесе годишниот план за изградба на енергетски објекти за...
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја обвини владата за узурпирање на државата и бескрупулозно предизвикување поделби. „Заклучокот на Владата на...
Кина повторно ги поместува технолошките граници. Хуманоидниот робот на компанијата Unitree успешно заврши екстремен тест за издржливост - 130.000...