Skip to content

Франција повторно воведува доброволен воен рок по 30 години – почнува нова програма за младите

0 мин. читање
Сподели

epa12552375 France's President Emmanuel Macron meets service personal after he unveiled a new national military service plan at the military base in Varces, French Alps, 27 November 2025. EPA/THOMAS PADILLA MAXPPP OUT

Франција по речиси три децении повторно воведува доброволен воен рок како дел од новата стратегија за зајакнување на националната безбедност и подготовка на младите генерации за модерните геополитички предизвици. Програмата ќе трае вкупно 10 месеци, од кои првиот месец е резервиран за интензивна воена обука, а остатокот ќе биде распределен во специјализирани служби и активности.

Според најавите, регрутите ќе добиваат плата, униформа и целосна опрема, што ја прави програмата привлечна за младите кои сакаат воено искуство или кариера во одбраната.

Претседателот Емануел Макрон ја опиша мерката како неопходен одговор на растечките безбедносни ризици во Европа, особено поради ситуацијата со Русија и ширењето на нестабилност во регионот.

Во моментов, Франција располага со околу 200.000 активни воени припадници и дополнителни 45.000 резервисти. Владата очекува дека околу 3.000 доброволци веќе наредната година ќе ја завршат новата десетмесечна обука.

Овој чекор претставува продолжение на напорите на Макрон за реформирање на воената подготовка на младите, откако претходниот едномесечен универзален програм беше укинат поради високите трошоци.

Додека Франција применува доброволен модел, неколку европски држави – меѓу кои Германија, Шведска, Финска, Естонија, Литванија и Летонија – веќе задржаа или повторно воведоа задолжителен воен рок како одговор на засилените безбедносни предизвици.