Штип со свеќи и ѕвездено небо им оддаде почит на жртвите од Пулс
17.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Една од најголемите рафинерии за нафта на „Лукоил“ во Волгоград, Русија, е привремено затворена откако беше погодена од украински беспилотни летала, јавува Ројтерс, повикувајќи се на три извори запознаени со инцидентот.
Во нападот се оштетени клучни производствени единици, вклучувајќи ја и главната преработувачка единица CDU-5, со капацитет од 9.100 тони дневно (66.700 барели) — што претставува една петтина од вкупниот капацитет на рафинеријата. Оштетена е и единица за хидрокрекинг со капацитет од 11.000 тони дневно.
„Рафинеријата е затворена. ЦДУ-5 гореше, а хидрокрекерот беше делумно оштетен,“ изјавил еден од изворите за Ројтерс, кој побарал да остане анонимен.
Компанијата „Лукоил“ досега не одговорила на барањата за коментар.
Рафинеријата во Волгоград минатата година преработила 13,7 милиони тони нафта, што претставува 5,1% од вкупниот руски капацитет.
Во последните месеци, Украина често напаѓа руски рафинерии, складишта и нафтоводи, додека Русија продолжува со удари врз украинската енергетска инфраструктура, во војна која влегува во четвртата година.
Покрај рафинеријата, во четвртокот Украина нападна Русија со најмалку 75 беспилотни летала, при што загина едно лице, а беа откажани десетици летови низ земјата.
Гувернерот на Волгоградската област, Андреј Бочаров, изјави дека 48-годишен маж бил убиен од шрапнел при нападот, а пожарот избувнал во индустриска зона во Красноармејскиот дел на градот, некогаш познат како Сталинград.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Меѓународниот монетарен фонд одобри нова четиригодишна програма за финансирање на Украина во вредност од 8,1 милијарда долари, со прва транша...
На четвртата годишнина од руската инвазија, украинскиот претседател Зеленски порача дека Путин не ги остварил своите цели. Ги повика Трамп...
Точно на четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија, Унгарија го блокира огромниот заем на ЕУ за Украина и го...
Токму во пресрет на четвртата годишнина од рускиот напад на Украина, Унгарија го блокира 20-тиот пакет санкции против Русија и...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја објави веста дека руската армија го освоила градот Покровск по долги и тешки битки,...
Украинските антикорупциски власти соопштија дека во петокот спровеле претреси во врска со шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел остро ги отфрли обвинувањата дека ги смета Полска и балтичките земји за заеднички одговорни за...
Поголемиот дел од Красноармејск е под контрола на руските сили, изјави шефот на Донецката Народна Република (ДНР) Денис Пушилин во...
Во регионот Донецк во Украина, руските силите го продолжија својот пробив . Според каналот „Воен преглед“ на социјалната мрежа X,...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја посети командната станица на руските сили, за да го слушне извештајот на високите воени...