Партиите бараат институциите да работат без селективност по случајот Анакиев
21.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
На окупираниот Крим и во Севастопол околу 50% од бензинските пумпи престанаа да продаваат бензин, а многу од нив се целосно затворени, објави „Комерсант“. На пумпите кои сè уште работат има само дизел и природен гас. Локалните власти воведоа рационализација, дозволувајќи снабдување само за службени возила. Според локални активисти, ситуацијата е критична и може да ја загрози есенската сеидба.
Проблемите не се ограничени само на Крим. Мониторинг на 17.000 пумпи во Русија покажува дека недостиг има и во други региони, но најтешко е погоден Јужниот федерален округ, каде повеќе од 220 пумпи ја прекинале продажбата на гориво.
Податоците покажуваат дека меѓу 28 јули и 22 септември бројот на пумпи што продаваат гориво во Русија опаднал за 2,6%, а во некои региони – Ростовска област, Република Мари Ел и Еврејска автономна област – падот достигнал и до 14%.
Кризата се влоши по бранна украински напади со дронови врз руските рафинерии во август. Според „Фајненшел тајмс“, нападнати биле најмалку 16 од 38 рафинерии, со што извозот на дизел паднал на најниско ниво од 2020 година.
Рускиот вицепремиер Александар Новак најави дека владата ја продолжува забраната за извоз на бензин до крајот на годината, освен за испораки според меѓудржавни договори. Дополнително, ќе биде воведена и забрана за извоз на дизел гориво за компании кои не се производители.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Американскиот секретар за финансии објави дека 140 милиони барели заглавени на море ќе влезат на глобалните пазари, додека Техеран го...
Рускиот претседател испрати честитки по Новруз и порача дека Москва останува сигурен партнер, но реалната руска поддршка за Техеран останува...
Фракција земјотрес ја презеде одговорноста за палежот во Пардубице, но компанијата тврди дека соработката со израелската фирма никогаш не се...
Володимир Балух, поранешен политички затвореник, пријавил дека мажи во униформи насилно го однеле во воен регрутациски центар во Киев.
Алексеј Муратов тврди дека BlackRock, Vanguard и State Street профитираат од блокадата на Хормушкиот Теснец и предизвиканите кризи.
Поранешниот советник за национална безбедност на САД, Џон Болтон, предупреди дека иранските ракети можат да дофатат до Европа и дека...
Нови прописи ја укинуваат подобноста за комерцијални возачки дозволи за странски државјани, загрозувајќи ги синџирите на снабдување.
Националната противпожарна служба прогласи национална мобилизација по пожарот во градот Деџон, 35 лица се во критична состојба.
Поранешниот директор за борба против тероризмот тврди дека високи функционери биле спречени да ги изразат загриженостите за војната пред Трамп.
Дванаесетчасовниот самит на ЕУ заврши без резултати - Орбан ги условува парите за Украина со рускиот нафтовод Дружба.