Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Администрацијата на Град Скопје во наредната година треба да се прошири со вкупно 94 нововработени, покажува Годишниот план за вработувања што ќе се најде пред советниците на седницата закажана за идниот четврток. Од нив, 50 вработувања се предвидени во Бригадата за противпожарна заштита, додека 44 нови позиции се планирани во градската администрација поради, како што се наведува, зголемен обем на работа.
Сите нови вработувања ќе бидат на неопределено време. Со оглед на тоа дека Град Скопје моментално има 662 вработени, а во пензија наредната година заминуваат само седум лица, планираното зголемување значи раст на администрацијата од околу 7 проценти.
Новото градско раководство планира да вработи 13 раководители на одделенија и сектори, како и повеќе помошници на раководители, советници, референти и соработници. Дополнително, предвидени се и двајца комунални инспектори и двајца обезбедувачи на објекти.
Платите за новите вработени се веќе вградени во предложениот буџет. Најголемиот дел од раководителите ќе имаат годишна плата од 592.840 денари, односно околу 49.400 денари месечно, додека највисока плата е предвидена за раководителот на Секторот инспекторат – 882.590 денари годишно, или околу 73.550 денари месечно.
Најниски примања ќе имаат обезбедувачите, со плата од 37.000 денари месечно.
Посебен акцент е ставен на Бригадата за противпожарна заштита, каде состојбата со кадарот е алармантна. Според Законот за пожарникарство, Скопје треба да има најмалку 384 пожарникари, но моментално се вработени само 199, што значи дека недостигаат 185 пожарникари. Дополнителен проблем е и старосната структура, поради која во наредните години се очекуваат нови пензионирања.
Во рамки на новите 50 вработувања во Бригадата, предвидено е ангажирање на 29 пожарникари, 15 возачи на противпожарни возила, четворица командири на вод и двајца автоелектричари.
За 44-те нови вработувања во градските сектори, во образложението до советниците се наведува дека тие се неопходни за непречено функционирање на институцијата, иако официјално е потврдено дека само седум работни места ќе се испразнат по основ на пензионирање.
Најновите 10 вести од оваа категорија
И оваа зима, скопјани ја делат истата судбина – долги чекања, нередовен превоз и студ по автобуските постојки, без јасна...
Државата излегува на меѓународниот пазар на капитал со две нови еврообврзници во вкупен износ од една милијарда евра, дознава Пари....
Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...
На повисоките падини на Кораб во Северна Македонија расте Galanthus subalpinus, деликатниот цвет од фамилијата кокичиња откриено и именувано во...
Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази...
Жителите на селата Отовица, Новачани, Кумарино, Сујаклари, како и целиот потег околу Велешкото езеро (Младост), се соочуваат со вистинска инфраструктурана...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...
Автомобилската и мотоциклистичка сообраќајна служба (АМСМ) информира дека од 14:10 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила...
Двајца малолетници на возраст од 16 години од Скопје се лишени од слобода откако не застанале на полициска патрола, со...
На 08.01.2026 во 23:45 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека во викенд куќа во с.Горна Ѓоновица, гостиварско, се пронајдени...