Skip to content

Градоначалник во Скопје, а ДОКТОРИРА ВО СОФИЈА

0 мин. читање
Сподели

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, соопшти дека успешно ја одбранил својата докторска дисертација на Универзитет за библиотекарски студии и информатички технологии – УНИБИТ во Софија.

Докторската дисертација е на тема „Организациони модели на професионална подготовка“, а Герасимовски истакна дека академскиот успех за него не е само лична сатисфакција, туку и сериозна одговорност.

„Ова не е само личен академски успех. Ова е обврска. Обврска знаењето и искуството што ги стекнав да ги вложувам уште поодговорно во јавниот интерес, во унапредување на институциите и во работа во служба на граѓаните“, напиша градоначалникот во својата објава.

Тој упати и благодарност до своето семејство и најблиските за поддршката во текот на академскиот пат, потенцирајќи дека стекнатото знаење ќе биде насочено кон подобрување на локалното управување и јавните политики.