Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Од следната недела започнува реконструкцијата на железничката пруга на првата траса од проектот „Градски воз“, со која ќе се создаде нова брза, економична и еколошка транспортна опција за скопјани.
Јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“ го потпиша договорот со изведувачот „Битем“ ДООЕЛ – Скопје, вреден околу 5,8 милиони евра без ДДВ. Според договорот, работите ќе траат шест месеци, а веќе следното лето градскиот воз ќе сообраќа на првата линија.
Проектот опфаќа ремонт на 25 километри пруга, на делницата од Зелениково – Јане Сандански – Драчево – Лисиче – Централна железничка станица Скопје. Целта е брзината на возовите да се зголеми од сегашните 20 на над 60 километри на час, што ќе овозможи побрз и поефикасен превоз за жителите од југоисточните делови на градот.
„Со овој ремонт, граѓаните од Драчево, Зелениково, Јане Сандански и Лисиче ќе можат да стигнуваат до центарот на Скопје побрзо, поевтино и со помало загадување“, соопштија од Македонски железници – Инфраструктура.
Директорот Синиша Ивановски изјави дека „Градскиот воз“ ќе биде алтернатива на автомобилите и автобусите, а со тоа ќе се намали и загадувањето во главниот град. Тој најави дека за станиците кои се оддалечени од населените места, како онаа во Драчево, ќе се воведе минибус-превоз во синхронизација со возниот ред.
Според Ивановски, напролет ќе започне редовен сообраќај на првата линија, а до крајот на 2027 година треба да бидат завршени три траси од проектот:
Прва траса: Зелениково – Драчево – Лисиче – Центар (25 км)
Втора траса: Илинден – Миладиновци – Маџари – Центар (25 км)
Трета траса: Централна станица – Скопје Север – Ѓорче Петров – Волково (18 км)
Во буџетот за 2026 година е предвидено проектирање на втората траса, а во 2027 започнува и третата. Ќе се реновираат и 11 железнички станици, а две до три нови се планира да се изградат според физибилити-студијата на Градежниот факултет.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека „Градскиот воз“ претставува нов концепт на урбан сообраќај, кој ќе ја искористи постојната железничка инфраструктура и ќе ја претвори во модерен градски транспортен систем.
„Веќе започнавме со работите на првата делница. Следната година ќе ги подготвиме и другите две линии, со цел да создадеме редовен, брз и достапен железнички сообраќај за сите скопјани“, рече Николоски.
Тој додаде дека Владата е во преговори со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за набавка на нови локомотиви и вагони, со што ќе се модернизира целиот систем на Македонски железници.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...