Skip to content

Градскиот парк во Скопје добива нов лик – нови патеки, клупи и дрвја

1 мин. читање
Сподели

Градскиот парк во Скопје добива нов лик – се уредуваат пешачките патеки, се поставуваат нови клупи и се садат нови дрвја, соопшти градоначалникот Ѓорѓиевски.

„Градскиот парк е срцето на Скопје”, рече Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека обновувањето на урбаната опрема е дел од поширокиот проект за подобрување на јавните простори во градот.

Работите опфаќаат модернизација на постојните патеки, замена на дотраените клупи со нови и зголемување на зелените површини со нови садници. Целта е паркот да стане поатрактивен и поудобен за граѓаните и посетителите.