Skip to content

Хаос во Грција: Таксистите во штрајк на неодредено, блокирани аеродроми

1 мин. читање
Сподели

Грција е зафатена од сериозен транспортен хаос откако таксистите започнаа штрајк на неодредено време. Главните градови, особено Атина и Солун, се соочуваат со огромни сообраќајни застои.

Штрајкот претставува одговор на синдикатите на новите законски регулативи и даночни реформи што владата планира да ги воведе во такси-секторот. Пристапот до аеродроми, пристаништа и железнички станици стана значително отежнат за жителите и туристите.

„Нема да отстапиме додека не бидат повлечени мерките кои водат кон наш банкрот. Овој штрајк ќе продолжи додека не бидат исполнети нашите барања”, изјавија од синдикатот на таксисти во Атина.

Главните поплаки на возачите се фокусираат на високите цени на горивото, конкуренцијата од транспортни платформи и новите фискални правила кои ги опишуваат како неодржливи.

Грчките власти апелираат за трпение, но нови преговори меѓу владини претставници и синдикатот на таксисти не се најавени, што сугерира дека блокадите може да траат подолг период.