Skip to content

Хутите објавија војна на Америка и најавија напади на бродови во Црвеното Море

1 мин. читање
Сподели

Јеменските Хути официјално објавија влегување во конфликтот на страната на Иран и најавија напади врз американски бродови во Црвеното Море. Групата предупреди дека „конфликтот прерасна во глобален судир кој го опфаќа целиот муслимански свет”.

Хутите одамна сигнализираа подготвеност да се приклучат во борбата, особено по американско-израелските удари врз Иран. Со оглед дека ги контролираат значителни делови од јеменскиот брег на Црвеното Море, тие имаат стратешка позиција за напади врз меѓународниот поморски сообраќај.

Аналитичарите предупредуваат дека активното учество на Хутите може дополнително да го дестабилизира регионот и да ги загрози глобалните снабдувачки ланци, особено во однос на нафтата и природниот гас. Црвеното Море претставува една од најважните трговски рути во светот.

Групата претходно изведе ракетни и дронски напади врз комерцијални и воени пловила, сериозно нарушувајќи ја меѓународната трговија и принудувајќи бродски компании да ги менуваат своите рути.