Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Според Државниот завод за статистика, најголемо намалување на трошоците има кај транспортот, рестораните и рекреацијата
Инфлацијата во Македонија во септември изнесува 4 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Минатиот месец инфлацијата беше 4,4 проценти, а сегашното мало намалување се должи пред сè на пониските трошоци за транспорт (-3,3%), ресторани и хотели (-1,3%) и рекреација и култура (-0,7%).
Според индексот на цените на мало, и во септември, како и во август, се бележи зголемување од 4,1 проценти. Во споредба со август, најголемо зголемување на цените е забележано кај алкохолните пијалаци, тутунот и наркотиците (2,8%), како и кај комуникациите (1,8%).
ДЗС објави и анализа според која во периодот јануари – септември 2025 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 5,2 проценти во однос на истиот период лани.
Во рамките на овој сектор, алкохолните пијалаци поскапеле за 9,1%, храната за 7,5%, а безалкохолните пијалаци за 6,1%.
Претседателот на Туристичко-угостителската комора на Македонија, Аркан Керим, смета дека порастот на цените е резултат на недостиг на работна сила поради заминувањето на младите во странство, но додава дека цените во домашните ресторани сè уште се пониски во однос на земјите од регионот.
Во меѓувреме, според прелиминарните податоци на Евростат, годишната инфлација во еврозоната во септември се зголеми на 2,2 проценти, од 2 проценти во август.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...