Skip to content

Иран објави напади врз Мајкрософт, Епл и Гугл – 18 компании на листата на цели

1 мин. читање
Сподели

Иранската Револуционерна гарда (КСИР) објави дека од 1 април ќе започне напади врз објекти на 18 американски компании, меѓу кои Мајкрософт, Епл, Гугл и Нвидија.

Според соопштението, нападите ќе бидат одговор „за секое убиство во Иран”, што претставува директна закана која значително ги заострува тензиите во регионот.

КСИР јавно објави листа на сите 18 компании поврзани со САД, со експлицитно предупредување дека нивните објекти стануваат легитимни воени цели. Иако не се откриени конкретни детали за тоа кои објекти би биле нападнати или каква методологија би се користела, пораката е јасна – Техеран повеќе не зборува само за воена одмазда, туку и за напади врз американски бизнис интереси.

Овие закани доаѓаат во период на крајно заострени односи меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, а аналитичарите предупредуваат дека ескалацијата може да има сериозни последици врз глобалниот технолошки сектор.