Skip to content

Иран одговори на Трамп: Војната продолжува до предавање на непријателот

1 мин. читање
Сподели

Иранските вооружени сили соопштија дека конфликтот со САД и Израел ќе продолжи „до целосна предавање на непријателот”, директно спротивставувајќи му се на тврдењето на Трамп дека ситуацијата може да заврши за две до три недели.

Според иранската полуофицијална новинска агенција Таснил, воен портпарол предупреди на можна ескалација: „Војната ќе продолжи до предавањето и трајното покајание на непријателот”. Тој додаде дека Иран може да изведе „поразорни, пошироки и посилни напади”.

Конфликтот, кој започна кон крајот на февруари, сериозно ја дестабилизира целата област на Блискиот Исток преку удари врз воени инсталации, критична инфраструктура и трговски бродови.

Хормушкиот Теснец – витална поморска рута за глобалната дистрибуција на нафта – доживеа речиси целосно нарушување на бродскиот сообраќај поради нападите и заканите, што ги зголеми цените на енергијата и предизвика нестабилност на финансиските пазари.