Skip to content

Ирански медиуми тврдат: Нетањаху е ранет или убиен во нападот врз Израел

1 мин. читање
Сподели

Ирански медиуми пласираат непотврдени информации дека израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху можеби е ранет или убиен во иранскиот удар врз Израел. Шпекулациите се засноваат на неколку индиции кои, според иранските извори, укажуваат на вонредна состојба.

Нетањаху не се појавил на видео снимки речиси три дена наназад, прекинувајќи ја вообичаената практика на секојдневни видео обраќања до јавноста. Неговите последни официјални соопштенија биле текстуални, а не снимени изјави.

Безбедносниот периметар околу неговата резиденција наводно е засилен на 8 март, особено поради ризик од дронови. Исто така, планираната посета на Израел од страна на американски претставници е откажана, иако директна поврзаност со можната состојба на Нетањаху сеуште не е утврдена.

Ерусалимски Пост нагласи дека нема суштински докази кои би ги поддржале овие тврдења. Поранешен американски разузнавач дополнително изјавил дека братот на Нетањаху, Идо, наводно загинал – но и тоа останува непотврдено. Неколку арапски медиуми ги прошируваат истите информации.