Skip to content

Исчистена дива депонија во Маџир Маало – собрани 12 тони отпад

0 мин. читање
Сподели

Службите на општина Центар со камиони и механизација исчистија дива депонија во Маџир Маало. Расчистена е површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата “Дрисла”.

Акцијата е дел од пошироките активности на општината за расчистување на диви депонии на повеќе локации на територијата на Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави: “Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме и интервенираме за подобра јавна хигиена. Но, ова е и заедничка одговорност. Апелирам до граѓаните да ја чуваат животната средина.”

Службите повикуваат граѓаните да пријавуваат диви депонии за нивно навремено отстранување и спречување на загадувањето на воздухот, почвата и водата.