Делови од Скопје и денес без струја и вода
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека од македонскиот пазар итно се повлекува производот „Aptamil AR 2“, пакување ENG 24×400 грама, серија 2027.01.02, поради утврдена контаминација со цереулид (cereulide) – токсин кој претставува ризик по здравјето на доенчињата.
Како што соопштува АХВ, станува збор за вкупно 912 парчиња од овој производ со потекло од Ирска, кои веќе биле дистрибуирани на македонскиот пазар. Производот повеќе не се наоѓа во магацините на увозникот, а веќе е започната постапка за негово итно повлекување од продажба.
Од Агенцијата апелираат родителите и старателите кои веќе го купиле овој производ да не го користат, туку да го вратат на местото каде што е купен.
Цереулидот е токсин отпорен на високи температури, произведен од бактеријата Bacillus cereus, која може да се развие во храната. Најчестите симптоми по консумирање на контаминиран производ се повраќање и дијареја, кои се јавуваат релативно брзо – во период од 30 минути до три часа, а клиничката слика често наликува на стомачен вирус.
Контаминацијата, според нотификацијата добиена преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни на ЕУ (RASFF), потекнува од состојката ARA масло, кое било користено во производството.
Инспекциските служби на АХВ спровеле вонредна контрола кај увозникот на формули за доенчиња и диететска храна, по што е потврдено дека целокупната количина е веќе пуштена во промет.
Воедно, од АХВ информираат дека ја следат состојбата со повлекувањето на други формули за доенчиња од компанијата „Нестле“ во неколку европски земји и проверуваат дали тие се присутни на македонскиот пазар. Засега, за тие производи нема официјално известување преку RASFF, но институцијата најавува дека ќе реагира навремено доколку се појави ризик за здравјето на бебињата.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Планирани прекини на електрична енергија во Сопиште и на водоснабдување во Центар поради одржувачки зафати во мрежите.
Градоначалникот на Гази Баба нареди уривање на импровизирани куќички во Керамидница изградени на државно земјиште.
Пратениците гласаат за предлогот на Владата судијата Ненад Савески да биде нов шеф на Јавното обвинителство, потребни се 61 глас.
Година по трагедијата, штипјани поставија камен-темелник за спомен-обележје за петте загинати граѓани. И Куманово одржа комеморација.
Поранешниот обвинител зборува за недостиг на кадри, возила и простории при истрагата за пожарот во кој загинаа 63 лица. Изразува...
Независниот синдикат тврди дека 90% од војниците живеат во необновени објекти стари 35 години, додека министерот промовира реновирани касарни.
Извршниот одбор на СДСМ покрена постапка за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје. Партијата го обвинува дека работи за ВМРО-ДПМНЕ.
За изборот на судијата од Основниот кривичен суд се потребни 61 глас. Советот на обвинители даде позитивно мислење за четири...
Од вторник до петок Македонија ќе биде под влијание на ладен циклонски систем со врнежи и засилен ветер.
Амбасадата најави нов лет, додека досега 458 патници беа евакуирани со четири летови од Блискиот Исток.