Skip to content

Јаков Јозиновиќ за прв пат во Скопје – TikTok феноменот со турнејата „Ja za čuda letim” на 9 април

1 мин. читање
Сподели

Јаков Јозиновиќ, дваесетгодишниот феномен од Винковци кој ги освои срцата на милиони на TikTok, за прв пат настапува во Скопје на 9 април во Спортскиот центар „Јане Сандански”.

Јозиновиќ стана регионална сензација со емотивните обработки на хитовите на Оливер Драгојевиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Здравко Чолиќ и Гибони, кои собраа десетици милиони прегледи на социјалните мрежи. Она што започна како кратки видеа на TikTok, прерасна во распродадени концерти низ целиот регион – вклучувајќи пет настапи во белградскиот Сава Центар и две Загреб Арени.

Покрај обработките, Јозиновиќ веќе ги има и своите авторски песни. „Поље ружа” стигна до врвот на сите радио листи, а „Испред бијеле хостије” потврди дека станува збор за автентичен талент, а не само за интернет тренд.

Концертот во Скопје е дел од неговата прва голема регионална турнеја „Ja za čuda letim”, која опфаќа и Загреб, Белград, Нови Сад, Риека, Сплит, Осиек и Љубљана. Почеток во 20:00 часот, а билетите се од 1.600 до 2.400 денари на karti.com.mk.