Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
На 5 октомври, Светскиот ден на учителите, повторно се отвори прашањето – дали општеството доволно ги вреднува оние што го градат неговиот темел?
Иако нивната улога е незаменлива, просветните работници и понатаму се соочуваат со ниски плати, несигурни договори и политички влијанија, предупредуваат од Независниот синдикат за образование и наука.
„Колективните договори не се почитуваат, што резултира со плати пониски од државниот просек. Имаме и сериозен проблем со партизацијата – со промена на локалната власт се менуваат и просветни работници, што создава нестабилност во системот“, изјави Томислав Гиевски од синдикатот.
Од Министерството за образование, пак, најавуваат мерки за подобрување на состојбите и подигање на угледот на професијата.
„Владата презема бројни активности – покачување на платите, обезбедување учебници и подобрување на инфраструктурата во училиштата. Учителите не треба да се грижат за својата плата во следните четири години“, изјави министерката Весна Јаневска.
Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на учителите, беа доделени и признанијата „Просветен работник на годината“, како симболична благодарност за нивната посветеност.
Овој ден, прогласен од УНЕСКО во 1994 година, потсетува дека без мотивирани и поддржани наставници, нема ниту квалитетно образование. Или, како што рече пензионираната професорка од Куманово, Елизабета Секирарска:
„Учителите се тивките херои што ја градат иднината.“
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...