Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави радикални промени во високото образование, вклучувајќи целосна забрана на вонредно студирање на наставничките факултети, додека Медицинскиот факултет и понатаму ќе остане затворен за вонредни студии.
„Дали би сакале да ве лекува доктор кој вонредно студирал медицина?” — со ова реторичко прашање Јаневска го образложи својот став во гостувањето на ТВ Сител. Таа нагласи дека промените се во јавен интерес на државата и се насочени кон подигање на квалитетот на образованието.
Според новиот Закон за високо образование, вонредното студирање повеќе нема да биде дозволено на регулираните професии — медицина и наставнички студии. Оние што веќе започнале вонредно на наставничките факултети ќе можат да ги завршат своите студии, но за идните генерации оваа можност ќе биде затворена.
Јаневска истакна дека оваа мерка има за цел да ги модернизира и зајакне студиските програми, за да може во иднина да се добие „подобар производ — не последен на ПИСА, туку ученици кои ќе се придвижат нагоре на скалилата на рангирање на знаењето”.
Јавната дебата за предложениот закон предизвика остри реакции во академската заедница и меѓу политичарите. Додека еден дел од стручната јавност ги поддржува реформите како неопходен чекор кон европски стандарди, други предупредуваат дека мерките би можеле да ги ограничат можностите за вработени кои сакаат да се стекнат со дополнително образование.
Министерката потврди дека законот нема да биде повлечен и дека јавната дебата ќе продолжи, со цел универзитетите да отворат студиски програми според потребите на пазарот на труд и да се зголеми квалитетот на наставата и научната продукција.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...