Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на планско трошење?
20.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Зимата носи студ, снег и ниски температури, а како што ние се грижиме за себе во овој период, така треба да се грижиме и за нашите миленичиња. Иако имаат крзно, тоа не секогаш е доволна заштита. Еве неколку практични совети како да го одржуваме здравјето на миленичето во текот на студените денови:
Во зима животните трошат повеќе енергија за да се загреат. Додајте малку повеќе калорична храна или консултирајте се со ветеринар за правилна зимска исхрана. Секогаш обезбедувајте свежа вода – снегот не е замена!
Ако миленичето живее надвор, обезбедете му изолација и заштита од ветер.
Зимата може да ја намали активноста, а тоа влијае на здравјето и имунитетот. Редовните проверки кај ветеринар ќе помогнат навреме да се забележат евентуални проблеми.
Иако е ладно, миленичињата сепак имаат потреба од движење. Играјте со нив дома или организирајте кратки, но почести прошетки за да ја одржуваат кондицијата и доброто расположение.
Снегот, солта и мразот можат да им наштетат на шепите. По секоја прошетка избришете ги со млака вода и проверете дали има пукнатини. Можете да користите и специјални креми или чизмици за дополнителна заштита.
Со малку повеќе внимание во зимските денови, ќе му обезбедите на вашето милениче здравје, топлина и среќа. Миленичињата не бараат многу – само љубов, грижа и малку дополнителна заштита од студот.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Златниот ретривер е една од најомилените раси на кучиња во светот, познат по својата нежност, интелигенција и неверојатна приврзаност кон...
„Од куче речиси ништо не можеш да сокриеш“, вели д-р Николас Додман, почесен професор и основач на Одделот за однесување...
Жените и кучињата имаат толку силна врска што понекогаш може да ги засени и некои човечки односи. Но не било...
Ако некогаш сте го гледале вашето куче додека спие, веројатно сте забележале како му се мрдаат нозете, му се мрда...
ЏЕЈМС Секстон, еден од најпознатите адвокати за развод во Америка, откри зошто, според него, толку многу бракови се распаѓаат. Со...
Хранењето на вашето куче со правилна количина висококвалитетна храна е едноставен, но многу важен начин да го задржите здравјето на...
Секој сопственик на куче сака да знае дали неговиот четириножен пријател е среќен. Добрата вест е што кучињата имаат многу...
Дали знаевте дека ова е знак за висока емоционална интелигенција?
Нема сомнеж дека малите кучиња имаат посебен шарм. Лесни се за патување, имаат долг животен век, а многу од нив...
Иако миленичињата се дел од нашите семејства, сè уште постојат многу митови што се пренесуваат од генерација на генерација. Некои...