Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Во серија шокантни снимки до кои дојде „Инфомакс“, а потврдени и од очевидци на терен, кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, се вмешани во скандал со злоупотреба на лични податоци и незаконска политичка агитација.

Според извори, Тоневски организирал средба со пензионери како дел од својата предизборна кампања, но наместо тоа да го направи транспарентно, ангажирал четири лица — меѓу кои и негова братучетка — кои користеле лични податоци на пензионерите за телефонски да ги повикуваат на состанокот. Таквиот потег претставува директно кршење на Законот за заштита на лични податоци и може да повлече сериозни кривични последици.
На самата средба присуствувал и министерот Велковски, кој, наместо да се дистанцира, агитирал за кандидатот Тоневски, што, според Кривичниот законик, претставува злоупотреба на службена функција и политичка активност во службено време — дело за кое е предвидена казна затвор до три години.
Новинарски екипи кои се обиделе да добијат изјава од Тоневски и Велковски биле вербално нападнати и избркани, а на местото на настанот се појавило и трето лице кое се претставило како обезбедување, иако немало овластување за тоа.
Без да одговорат на новинарските прашања и јавниот интерес, двајцата ја напуштиле локацијата со државно возило, оставајќи зад себе низа прашања околу можната злоупотреба на институциите во политички цели.
Граѓаните бараат реакција од надлежните органи и истрага за целиот случај, кој го отвора прашањето:
До каде оди злоупотребата на државните ресурси во предизборни цели?

Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...