Горивна криза во Србија: НИС од утре го прекинува снабдувањето за граѓаните
13.01.2026
05.01.2026
22.12.2025
17.12.2025
12.12.2025
12.12.2025
25.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Катар ја предупреди Европската Унија дека би можел целосно да го прекине извозот на течен природен гас (LNG) доколку Брисел не ја олесни Директивата за одржливост на корпорациите (CSDDD) – новиот регулаторен механизам кој бара од компаниите детално да го следат влијанието на нивните синџири на снабдување врз човековите права и животната средина.
Министерот за енергетика на Катар и шеф на „QatarEnergy“, Сад Шерида ал-Каби, изјави на конференцијата ADIPEC дека доколку директивата продолжи да важи во сегашната форма, Европа ќе остане без катарски гас.
„Доколку Европа не ја укине или барем не ја олесни директивата CSDDD и продолжи да наметнува казна од 5% врз продажбата на енергија, нема да испорачуваме LNG во Европа,“ – предупреди ал-Каби.
Катар моментално обезбедува околу 12–14% од европските потреби за течен природен гас, а евентуалното прекинување на испораките би можело сериозно да ја погоди енергетската стабилност на континентот во пресрет на зимската сезона.
Министерот додаде дека земјата ќе бара алтернативни пазари, доколку не се постигне компромис со ЕУ, и потсети дека уште во 2022 година Катар побарал долгорочни договори од 20 години со европските земји, но дел од нив ги одбиле како „престроги“.
Ќе ја задржи ли Европа својата зелена стратегија по цена на енергетска несигурност – или ќе попушти пред најголемиот извозник на течен природен гас во светот?
Најновите 10 вести од оваа категорија
Јужнокорејските обвинители денес побараа смртна казна за поранешниот претседател Јун Сук Јеол, обвинувајќи го дека бил „водач на бунт“ поради...
Крзнената играчка Лабубу, која го освои светскиот пазар и стана еден од најбараните производи на кинеската компанија Поп Март, се...
Претседателот Трамп наговестува дека државниот секретар Марко Рубио, кој е и советник за национална безбедност и вршител на должноста национален...
Германската армија потврди случаи на сексуално вознемирување Германската армија е потресена од широко распространето сексуално вознемирување и крајно десничарски екстремизам...
Марк Рафало имаше остри зборови за Доналд Трамп на црвениот тепих на доделувањето на наградите „Златен глобус“ во неделата вечерта....
Тврдењето дека Иран го „исклучи“ Starlink во суштина ја открива клучната слабост на овој систем: Starlink не е суверена телекомуникациска...
Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, Ким Јо-џонг, ја повика Јужна Кореја да го истражи неодамнешниот инцидент со јужнокорејско беспилотно...
Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел ја отфрли изјавата на Трамп дека повеќе нема да добива нафта и пари од Венецуела, додавајќи...
Претседателот на Владата на швајцарскиот кантон Вале изрази гнев поради фактот што локалните власти со години не извршиле инспекциски проверки...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог, упати исклучително остри и навредливи коментари против украинскиот претседател...