Skip to content

Кетаминот го освојува Балканот – двапати поевтин од кокаинот, употребата расте 41 процент

1 мин. читање
Сподели

Кетаминот рапидно ги освојува европските градови, при што Загреб и Сплит се меѓу првите 20 градови по употреба на илегални супстанци, покажува годишната анализа на отпадни води.

Употребата на кетамин во Европа порасна за 41 процент, а оваа дисоцијативна дрога е двапати поевтина од кокаинот – само 40 евра по грам, што ја прави исклучително достапна.

Дополнителен проблем претставува фактот дека производството на кетамин не е забрането, бидејќи тој има легитимна медицинска употреба како анестетик. Ова значително ја олеснува неговата достапност на илегалниот пазар.

Стручњаците предупредуваат дека кетаминот има разорни ефекти врз бубрезите и нервниот систем. Трендот на пораст е загрижувачки и за регионот на Западен Балкан, каде шверцерите на дрога користат се пософистицирани методи за дистрибуција.