Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на планско трошење?
20.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Кина ја засили својата присутност околу спорните острови Сенкаку (Дјаоју), испраќајќи крајбрежна стража и воени беспилотни летала во близина на јапонската територија, во момент когато дипломатските тензии меѓу Пекинг и Токио остро се зголемуваат по коментарите на јапонскиот премиер за можен воен одговор во случај на напад врз Тајван, пренесува „Гардијан“.
Кинеската крајбрежна стража соопшти дека нејзините бродови извршиле „правно оправдана патрола“ во водите околу островите што Кина ги смета за свои. Во соопштението беше наведено дека операцијата имала цел „заштита на националните права и интереси“.
Овој потег доаѓа само неколку дена по изјавата на премиерот Санае Такаичи, која во парламентот рече дека напад на Кина врз Тајван би можел да ја активира јапонската самоодбрана. Пекинг реагираше жестоко, барајќи повлекување на изјавата.
Кина го смета Тајван за дел од својата територија и не ја исклучува употребата на сила за „повторно обединување“. Тајван категорично го одбива тоа и најавува отпор. Инвазија би можела да предизвика голем регионален конфликт, со можност да ги вклучи САД и нивните сојузници, вклучувајќи ја и Јапонија, која има територија на само 110 километри од Тајван.
Во меѓувреме, Тајванското Министерство за одбрана регистрирало 30 кинески воени авиони, седум воени бродови и еден брод на крајбрежна стража околу островот во последните 24 часа. Мапите покажале и три кинески беспилотни летала како летаат помеѓу Тајван и јапонските острови, опасно приближувајќи се до Јонагуни – најблискиот јапонски остров до Тајван.
Иако кинеските патроли во овој простор не се без преседан, толку концентрирана активност во краток период влијае врз стабилноста во регионот во момент кога односите меѓу Јапонија и Кина се на најниско ниво во последните години.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Нови прописи ја укинуваат подобноста за комерцијални возачки дозволи за странски државјани, загрозувајќи ги синџирите на снабдување.
Националната противпожарна служба прогласи национална мобилизација по пожарот во градот Деџон, 35 лица се во критична состојба.
Поранешниот директор за борба против тероризмот тврди дека високи функционери биле спречени да ги изразат загриженостите за војната пред Трамп.
Дванаесетчасовниот самит на ЕУ заврши без резултати - Орбан ги условува парите за Украина со рускиот нафтовод Дружба.
Чарлс Симонс го оспори тврдењето на американскиот министер за одбрана дека семејствата на загинатите побарале продолжување на воените операции во...
Француски офицер ја објави локацијата на носачот Шарл де Гол преку апликацијата Страва додека бродот бил распореден во Медитеранот.
Оманскиот министер за надворешни работи изјави дека мирно решение со Иран било можно, но американската администрација дозволила да биде вовлечена...
Директорката на американската разузнавачка служба изјави дека Русија нема намера да се откаже од своите воени цели и ќе продолжи...
Од април, посетители од вкупно 50 земји ќе мора да платат депозит при влез во Америка. Програмот значително го намалил...
Кремљ потврди дека трилатералните преговори со САД и Украина се на пауза додека конфликтот на Блискиот Исток ги апсорбира глобалните...