Има ли експерти кои ќе ги учат градоначалниците на планско трошење?
20.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Ванг, кој е и член на Политбирото на Централниот комитет на Кинеската комунистичка партија, ја даде оваа изјава за време на седмиот круг од стратешкиот дијалог меѓу министрите за надворешни работи на Кина и Пакистан со првиот дипломат и вицепремиер Мохамед Ишак Дар во Пекинг.
Ванг изјави дека актуелната меѓународна ситуација е понестабилна и меѓусебно поврзана, при што едностраниот притисок станува сè посериозен.
Ненадејната промена на ситуацијата во Венецуела привлече големо внимание од страна на меѓународната заедница, изјави Ванг.
– Никогаш не сме верувале дека некоја земја може да ја игра улогата на светски полицаец, ниту пак сме согласни дека некоја земја може самопрогласено да се постави како светски судија, изјави кинескиот министер за надворешни работи, додавајќи дека суверенитетот и безбедноста на сите земји треба целосно да бидат заштитени од меѓународното право. Тој се повика на „ненадејните настани во Венецуела“, но не ги спомена директно САД.
Ова се и првите коментари на Ванг откако американските власти објавија фотографии од 63-годишниот Николас Мадуро со покриени очи и лисици на рацете. Претседателот на Венецуела и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени и изведени од земјата по серија воздушни напади врз Каракас во саботата. Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Мадуро бил качен на американски воен брод и бил транспортиран во Њујорк.
Подоцна беше соопштено дека венецуелскиот лидер бил задржан во „Пиртворниот центар Метрополитен“ во Бруклин (Metropolitan Detention Center) – истото место каде што во минатото беше држан мексиканскиот наркобос Хоакин „Ел Чапо“ Гусман. Се очекува денеска Мадуро првпат да се појави пред суд.
Мадуро е обвинет од американскиот судски систем, меѓу другото, за „наркотероризам“ и увоз на кокаин во САД. Во обвинителниот акт се тврди дека Мадуро и негови наводни соучесници дејствувале во координација со криминални и вооружени групи, меѓу кои мексиканскиот картел „Синалоа“ (Sinaloa Cartel) и венецуелската транснационална организација „Трен де Арагуа“ (Tren de Aragua), кои САД ги означија како странски терористички организации. Доколку биде прогласен за виновен по сите обвиненија, Мадуро може да добие доживотна казна затвор согласно федералните насоки за изрекување казни.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Анализа по првите 100 дена покажува дека новоизбраните градоначалници се соочуваат со предизвици во управувањето со општинските буџети.
По израелските напади врз иранската инфраструктура, ценатa на гасот скокна 25% - Јужен Парс е клучен за глобалното снабдување.
Пролетната рамноденица донесе сончев ден во Македонија, но утрината и вечерта ќе бидат значително постудени.
Партијата побара надлежните да постапуваат според закон и ги критикуваше тенденциозните објави кои го кршат човековото достоинство.
Нови прописи ја укинуваат подобноста за комерцијални возачки дозволи за странски државјани, загрозувајќи ги синџирите на снабдување.
Петар Богојески обвинува за немарност на Кардиологија, додека медицинскиот персонал поднесе пријава за закани и навреди.
Васе Анакиев, заменик-претседател на Социјалистичката партија, е приведен во полициска акција за примање мито.
Националната противпожарна служба прогласи национална мобилизација по пожарот во градот Деџон, 35 лица се во критична состојба.
Дер Шпигел објави шокантна истрага за наводни плаќања на богати западноевропски граѓани за убивање цивили за време на опсадата на...
Грчкиот премиер потврди дека системот Патриот пресретнал ракети насочени кон рафинерија во Саудиска Арабија, во рамки на одбранбени договори.