Муцунски: Кочани ја покажа вистинската сила на дипломатијата - 115 пациенти добија помош во Европа
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
14.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Поранешниот вицепремиер за економски прашања и актуелен бизнисмен, Кочо Анѓушев, ангажирал три лобистички компании во САД за да постигне повлекување на санкциите што против него ги воведе американскиот Стејт департмент во декември 2023 година.
Според јавните регистри на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Анѓушев склучил договори со фирмите „Research Service Bureau“, „Valcour LLC“ и „Mercury Public Affairs“, а за него работеле вкупно седум лобисти. Некои од нив се поранешни советници и соработници на Доналд Трамп, меѓу кои Брајан Ланза – поранешен директор за комуникации на Трамповиот транзициски тим, и Метју Моверс, кој работел во кампањата Трамп–Пенс во 2016 година.
Од податоците што се јавно достапни во американските регистри произлегува дека договорите биле активни од март 2024 година, односно само три месеци по воведувањето на санкциите против Анѓушев.
Лобирањето, според документите, било насочено кон прашања поврзани со визни рестрикции и имиграциски ограничувања, во рамки на одредбата 7031(ц) од американскиот закон, која овозможува забрана за влез во САД на лица осомничени за значителна корупција или кршење на човекови права.
Според регистарот, „Research Service Bureau“ досега пријавила приходи од 400.000 долари, „Valcour“ – 110.000 долари, а „Mercury Public Affairs“ дури 990.000 долари за активностите поврзани со случајот на Анѓушев. Единствено за договорот со „Valcour“ е наведено дека во меѓувреме е раскинат.

Компанијата во сопственост на Анѓушев, потврдија дека тој е вклучен во официјална, транспарентна и законски пријавена институционална комуникација со американските власти.
„Постапката се спроведува во целосна усогласеност со законите на САД, вклучително и со Законот за регистрација на странски субјекти (FARA) и утврдените процедури на Стејт департментот“, се наведува во нивниот одговор.
Тие додаваат дека неговите застапници ги презентирале аргументите во Сенатот, Конгресот, Стејт департментот и Извршната канцеларија на претседателот на САД, со цел повторно разгледување на мерката за визна рестрикција.
„Застапниците докажаа пред американските институции дека во Северна Македонија постоеле долготрајни и координирани обиди да се конструираат правни обвиненија против г. Анѓушев – обиди организирани од негови политички и бизнис-опоненти“, се наведува во одговорот.
Во завршниот дел на реакцијата, од „Фероинвест“ потенцираат:
„Веруваме во праведноста на новата администрација на претседателот Трамп.“
Санкциите против Кочо Анѓушев беа воведени во декември 2023 година од страна на американскиот Стејт департмент, кој тогаш соопшти дека мерката е дел од напорите за борба против корупцијата и заштита на јавниот интерес.
Анѓушев тогаш изјави дека „силно ги негира сомневањата“ и дека ќе ја обжали одлуката со сите расположливи правни средства.
Иако деталите од постапката за ревидирање на санкциите остануваат доверливи, фактот дека ангажирал американски лобисти блиски до Трамп отвора прашања – дали се подготвува дипломатско или политичко решение за неговото име да биде избришано од американската „црна листа“.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...
Сојузот на синдикати организираше масовен протест барајќи 600 евра минимална плата, откако Владата го одби барањето, а ССМ го одржува...
Министерството за надворешни работи склучило договор за евакуација на вредност од 59,8 милиони денари (972.000 евра). Четири летови, 458 евакуирани...
Министерот за животна средина потврди дека ќе се организира јавна расправа за обновување на А-дозволата за Фабриката Усје, откако граѓанската...
Речиси третина од онлајн-купувачите во ЕУ наишле на проблеми при набавки преку интернет. Во Македонија, 29,41% пријавиле тешкотии - под...
Сојузот на синдикатите на Македонија организира протест утре во центарот на Скопје. Маршот ќе помине низ централните улици и ќе...