Skip to content

Кој ќе ја добие Нобеловата награда за мир? – Трамп сигурно не

1 мин. читање
Сподели

Иако се обиде да се наметне со свои дипломатски иницијативи на неколку фронтови, американскиот претседател Доналд Трамп годинава нема да биде меѓу добитниците на Нобеловата награда за мир, објави АФП.

Наградата ќе биде соопштена во петок во Осло, во време кога светот се соочува со рекорден број вооружени конфликти од 1946 година наваму.

„Не, нема да биде Трамп оваа година“, изјави шведскиот експерт за меѓународни односи Питер Валенстин, додавајќи дека можеби ќе се разгледува следната година, кога ќе се видат реалните резултати од неговите иницијативи, особено во Газа.

Стручњаците нагласуваат дека политиката „Америка на прво место“ е спротивна на принципите на Нобеловата награда, кои се засноваат на меѓународна соработка, братство меѓу народите и разоружување.

Оваа година во конкуренција се 338 поединци и организации. Минатата година наградата ја доби организацијата Нихон Хиданкјо – здружение на преживеани од атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки.

Како можни фаворити се споменуваат суданската мрежа ERR, Јулија Навалнаја, мисијата на ОБСЕ, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, агенциите УНХЦР и УНРВА, како и организации за заштита на медиумските слободи како „Комитет за заштита на новинарите“ и „Репортери без граници“.

Според аналитичарите, Комитетот веројатно ќе избере добитник кој не е премногу контроверзен, нагласувајќи ги класичните идеи за мир, човекови права и меѓународна соработка.