Штип добива Фонтана на ангелите во спомен на жртвите од Пулс
18.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Кога ќе се спомене „малото црно фустанче“ или легендарниот парфем Chanel No. 5, веднаш на ум доаѓа името на Коко Шанел. Таа е жената која засекогаш ја смени модата – ја ослободи жената од тесните корсети, големите шешири и гломазните фустани и ѝ подари стил што ја слави удобноста, едноставноста и елеганцијата. Но, историјата на Коко е подеднакво блескава и темна, што ја прави една од најфасцинантните фигури на 20 век.
Коко Шанел, родена како Габриел Бонур Шанел во 1883 година, по смртта на мајка ѝ завршила во манастирско сиропиталиште. Токму таму научила да шие – вештина што ќе стане нејзиниот пат кон бесмртност. Како млада, работела како пејачка во кафулиња, каде добила прекарот „Коко“. Но нејзината амбиција беше поголема од провинцискиот живот.
Со помош на влијателни љубовници, Шанел успеала да отвори свој бутик. Таму ја започнала револуцијата – едноставни, практични креации што биле спротивност на тогашната „луксузна“ женска мода. Жените брзо ја прифатија новата слобода во облекувањето.
Во 1920-тите таа го претстави својот најголем моден подарок на светот – малото црно фустанче. Со оваа креација, црната боја, која до тогаш била симбол на жалост, стана симбол на елеганција.
Исто така, Шанел прва ги наметна панталоните за жени како секојдневна облека, скрати коси и воведе минимализам во модата. Нејзиниот парфем Chanel No. 5, создаден во 1921 година, останува до денес најпознатиот мирис во светот – симбол на луксуз и женственост.

Но нејзиниот живот не беше само гламур. За време на Втората светска војна, Коко живеела во хотел „Риц“ во Париз и била во врска со германски офицер. Поради ова, подоцна беше обвинета за соработка со нацистите. Некои историчари дури тврдат дека таа била агент со кодно име „Westminster“.
По крајот на војната, Шанел заминала во Швајцарија и неколку години живеела во тишина за да ја избегне јавната осуда. Но во 1950-тите направи спектакуларно враќање, повторно освојувајќи ја модната сцена и докажувајќи дека нејзиниот гениј никогаш не згаснал.
И покрај контроверзиите, Коко Шанел останува најголемата модна икона на 20 век. Нејзината филозофија дека „луксузот мора да биде удобен, инаку не е луксуз“ и денес е мото на современата мода.
Шанел беше бунтовник, визионер и жена која не прифаќаше правила. Беше обожавана, но и омразувана. Сепак, нејзиното наследство е толку силно што брендот „Chanel“ и денес е симбол на елеганција и стил, а нејзиното име е врежано во историјата како жена што ја промени сликата за модерната жена.
Најновите 9 вести од оваа категорија
Кога температурите паѓаат, а модната сцена копнее по доза луксуз, еден моден парче се враќа посилно од кога било досега....
Платформата за модна анализа Lyst го објави својот најнов квартален извештај, кој четири пати годишно ја следи динамиката и популарноста...
Скандинавската мода секогаш инспирира – минималистичка, удобна и практична. Жените од северот знаат како да изгледаат елегантно дури и кога...
Едноставни, природни и бесплатни навики што ќе ве направат посвежи, поубави и посигурни во себе. Не е потребен ниту скап...
Секој сака шминката да изгледа свежо и уредно од утро до вечер. Но, често по неколку часа карминот избледува, пудрата...
Меланија Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат не со својата елеганција, туку со моден избор кој...
Оваа сезона модата и убавината носат совршена комбинација на свежина и класика. Во светот на шминката доминира природниот изглед –...
Модата постојано се менува, но секоја деценија има свои личности кои оставаат трага и инспирираат генерации. Нивниот стил не е...
Сонувате за здрава и сјајна кожа, но и покрај тоа секогаш нешто недостасува? Понекогаш не е до скапата козметика, туку...