Skip to content

Колона пред Блаце за гласање во Косово

0 мин. читање
Сподели

Долга колона возила се создаде денеска пред граничниот премин Блаце, на излез од Македонија кон Косово.

Според снимките на ТВ21, сообраќајниот метеж се протега на неколку километри, а се претпоставува дека причината се локалните избори во Косово, кои се одржуваат денес.

Во Косово денес гласаат граѓаните од 38 општини, избирајќи градоначалници и советници. На изборите учествуваат 206 кандидати за градоначалници и 5.420 кандидати за општински совети.

Избирачките места се отворени од 7 до 19 часот, а право на глас имаат 2.025.105 регистрирани гласачи, како и 43.993 лица кои гласаат по пошта од странство.