Напад со нож во Линц: Еден загинат, еден тешко повреден
15.03.2026
27.02.2026
27.02.2026
29.01.2026
09.03.2026
27.02.2026
19.02.2026
16.11.2025
16.11.2025
16.11.2025
Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Обвинителството за определување мерка притвор за двајца од осумте осомничени во новата истрага поврзана со злоупотреби на јавни набавки во РЕК „Битола“. Наместо тоа, судот им одреди мерка куќен притвор. Станува збор за еден од раководителите на ПЕ Рудници и за Борче Марковски, сопственик на фирмата „Марковски компани“, која со години добивала тендери во комбинатот и како правен субјект е под истрага за злоупотреби.
Од Обвинителството реагираа дека не се согласуваат со ваквата одлука и најавија жалба. Според нив, постои ризик од бегство на осомничените, а еден од нив поседува значителен имот во странство.
Обвинителството денес отвори нова истрага против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК „Битола“. Постојат докази за основано сомнение дека петмина од осомничените — поранешниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори во ПЕ Рудници — во текот на 2023 година сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
Дополнително, тројца од раководителите и уште едно службено лице се осомничени и за продолжено кривично дело измама во службата. Според истрагата, правното лице и неговите претставници и покрај тоа што знаеле дека работите не се извршени, доставувале фактури со кои незаконито биле наплатени 106.200.000 денари, односно над 1,7 милиони евра со ДДВ.
Осомничените се товарaт за продолжено кривично дело злоупотреба на постапката за јавен повик и јавно-приватно партнерство. Обвинителството побара и дополнителни мерки на претпазливост за уште три лица, меѓу кои одземање на патни исправи и редовно јавување во судот.
Поранешниот директор на РЕК „Битола“ и едно службено лице веќе се наоѓаат во притвор или под претпазливи мерки во рамки на други постапки.
Најновите 10 вести од оваа категорија
Заглавениот проект конечно се реализира - новиот мост од 43,5 метри ќе го поврзе булеварот Никола Карев со кружниот тек.
Општина Центар усвои урбанистички планови кои предвидуваат зеленило, велосипедски патеки и јавни содржини околу Калето.
Автомобилистичката федерација го организираше традиционалното женско рели со градска рута и спретно возење меѓу конуси.
Велосипедска тура во сеќавање на загинатите и за поддршка на повредените помина покрај местото на трагедијата.
Преживеани од трагедијата во Кочани раскажуваат за комата, рехабилитацијата и борбата за живот по катастрофалниот пожар.
Министерот за надворешни работи Муцунски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги искажа благодарноста до сите земји кои...
Инфраструктурниот проект за мостот на Момин Поток кој стои од 2021 година конечно влезе во завршна фаза - Ѓорѓиевски сподели...
Советот на Центар усвои нови урбанистички планови за просторот околу тврдината Кале кои ги заменуваат хотелските комплекси со јавни паркови...
На годишнината министрите Тошковски и Алиу ги открија деталите за институционалниот одговор на трагедијата, а Владата усвои национален план за...
Премиерот Мицкоски на меѓународна конференција за годишнината на кочанската трагедија ги прочита имињата на сите жртви и ветена забрза инвестиции...